Фуд Лаб ДОО – Лабораторија за испитување на храна и дијагностика заразни болести кај животните со седиште во Скопје е основана во 2018 година.
Лабораторијата е специјализирана за вршење на лабораториски анализи со цел утврдување на безбедноста и квалитетот на храната и дијагностика на заразни болести кај животните и истите се излистани на нашата веб страна. Таа работи со одбран тим со високо квалификувани професионалци со богато работно искуство. Лабораторијата соработува со други акредитирани лаборатории каде се вршат анализи кои ја дополнуваат понудата на Фуд Лаб.
Нашата цел е да обезбедиме најдобар квалитет за да ги задоволиме барањата и потребите на нашите клиенти. Ние се стремиме да го задржиме високиот професионализам, флексибилност, сигурност и компетентна работа во строга согласност со законските и техничките правила и норми. Ние ги цениме нашите клиенти, одржуваме професионално и чесно партнерство со нив, и се стремиме на постигнување на задоволство на нашите клиенти од извршените услуги.
Лабораторијата Фуд Лаб е лоцирана во нова, модерно опремена зграда и врши физичко-хемиски, микробиолошки анализи на храна и дијагностика на заразни болести кај животни.