Приемно одделение за лабораториска диjагностика на заразни болести кај животни

УПАТСТВО ЗА ПРИЕМ ПРИМЕРОК ЗА ЛАБОРАТОРИСКА ДИАГНОСТИКА НА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ КАЈ ЖИВОТНИ
bt_bb_section_bottom_section_coverage_image

1.

Примероците за лабораториски испитувања може да ги преземе претставник од лабораторијата за испитување Фуд Лаб од местото на клиентот по поднесување на барање за подигнување, или по претходно одреден ред на подигање примероци согласно договор со клиентите

2.

Барањата за подигнување на примероците се поднесуваат најмалку 24 часа пред доаѓањето на следниов телефонски број: 02 278 1166

3.

Примероците мора да бидат придружени со еден од следниве документи:

-Документ барање за лабораториски испитувања
-Друг документ – придружно писмо, извештај, записник од инспектор, нарачка, барање;

4.

Придружниот документ мора да ги содржи најмалку следниве информации:

  • -Име на клиентот: име на физичко лице, име на правно лице, даночен број, адреса, име и место на земање примероци;
  • Опис на примерокот -име;друго, посебно обележување;
  • Датум на на земање примероци;
  • Количина во грами, милилитри;
  • Број на поднесени примероци (број на единици по примерок);
  • Прецизно наведени болести што треба да се испитуваат;
  • Телефонски број;
  • Начин на издавање на резултатите: лично на приемно приемен пулт, по пошта или по електронски пат;
  • Име, позиција и потпис на клиентот.

5.

Примероците се доставуваат до вработениот на приемниот пулт во Лабораторијата за испитување на Фуд Лаб, кој ги проверува придружните документи на примерокот.

6.

Примероците не се прифаќаат без придружен документ или со нецелосни податоци. Усмени или телефонски налози не се прифаќаат.

7.

Примероците кои почнале да се расипуваат или пак чие пакување е оштетено, не се прифаќаат, освен ако тоа не е посебно наведено во придружниот документ.

8.

Вид и количини на примерок согласно испитуваната болест и согласно ОИЕ прирачник се:

– За серолошки испитувања на серум- (обични епрувети без хепарин)

– За молекуларни испитувања- полна крв (третирана со хепарин или ЕДТА) или
органи – цел орган или дел (вид и количина согласно препораките на ОИЕ и национална легислатива за одредената болест).

– За испитување на брисеви – трахеални/оро-фарингеални брисеви од усната шуплина, клоакални брисеви со измет (оптимална кол.1гр.)

Транспортирање на примероците:

Брисевите  треба да бидат веднаш оладени со ставање на мраз или со гел пакувања и што е можно побрзо предадени во лабораторијата. Тие не треба да се замрзнуваат доколку тоа не е неопходно. Доколку не можат да бидат транспортирани во рок од 24 часа, тогаш се замрзнуваат и транспортираат замрзнати.

Брисевите треба да бидат ставени и целосно потопени во антибиотски или специјален медиум за транспорт на температура од 40 С. Во случај на недостаток на транспортен медиум се транспортираат суви до лабораторијата.

Складирањето и транспортот на примероците не треба да влијае на квалитетот на мострата.

Крвните проби може да се чуваат на 40 С до 2 дена, но препорачливо е во најбрз можен рок да се транспортираат до лабораторијата.

Во секој друг случај, Ве молиме обратете се до лабораторијата за дијагностика на заразни болести за консултација.

9.

Клиентот е одговорен за состојбата на примерокот.

10.

Примероците се ставаат во стерилна амбалажа кога се собираат од страна на клиентот;

Мора да се користат стерилна амбалажа и стерилни инструменти.

11.

Да се наведе во барањето доколку се доставуваат контролни примероци.

12.

Времетрање на лабораториските испитувања:

-од 1 до 3 работни дена зависно до методот и примерокот за испитување и во договор со клиентот.

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПРИЕМ НА ПРИМЕРОЦИ

Лабораторијата располага со специјализирани возила опремени со разладен систем кој обезбедува оптимални температурни и хигиенски услови за време на транспортот на примерокот, за да биде запазен интегритетот на примерокот до моментот на спроведување на испитувањето. Нашиот обучен тим за посети на клиенти и земање на примероци работи со организиран неделен распоред, опфаќајќи ги сите региони во земјата, благодарение на што можеме да го посетиме клиентот во време кое му одговара и извршиме транспорт на земените примероци.

Лабораторијата за дијагностика на заразни болести не врши мострирање на примероци.